Македонците стануваат он-лајн шопингомани

Bez autora
Aug 21 2011

Расте бројот на граѓаните кои ги користат своите платежни картички за купување преку интернет. Иако четири-пет години во земјава постојат он-лајн продавници, до минатата година бројката на ваков вид купувачи беше на многу ниско ниво. Според одговорните за развојот на електронската трговија работите се размрдуваат во 2010 година, а веќе оваа година добиваат во динамика. Кај нас плаќањата преку интернет најчесто се одвиваат преку платежниот систем "Касис", кој, всушност, претставува техничка поддршка на банките или линк помеѓу он-лајн продавницата и банката преку која се врши плаќањето. Започнати се со работа во 2007 година и според нив секоја година се зголемува бројот на интернет-продавници, а исто така и на купувачи.

Македонците стануваат он-лајн шопингоманиРасте бројот на граѓаните кои ги користат своите платежни картички за купување преку интернет. Иако четири-пет години во земјава постојат он-лајн продавници, до минатата година бројката на ваков вид купувачи беше на многу ниско ниво. Според одговорните за развојот на електронската трговија работите се размрдуваат во 2010 година, а веќе оваа година добиваат во динамика.

Кај нас плаќањата преку интернет најчесто се одвиваат преку платежниот систем "Касис", кој, всушност, претставува техничка поддршка на банките или линк помеѓу он-лајн продавницата и банката преку која се врши плаќањето. Започнати се со работа во 2007 година и според нив секоја година се зголемува бројот на интернет-продавници, а исто така и на купувачи.

-Започнавме со една виртуелна продавница, а сега работат веќе 150. Голем е и бројот на компаниите кои се заинтересирани за сервисот, а и оние што се во фаза на подготовки за започнување со ваков начин работа. Во првите седум месеци од оваа година бројот на трансакции преку нашиот систем и нивниот промет во однос на цела 2010 е зголемен за три пати, а во однос на цела 2009 бројот на трансакции и промет зголемен е 15 пати. Иако бројките се мали, трендот на раст е евидентен и очекуваме да расте со уште поголема динамика во следните години. Во тек на 2011 година извршени се околу 36.000 трансакции во вкупна вредност од околу 27 милиони денари - велат од "Касис".

Според извештајот за електронска трговија на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам) до крајот на минатата година околу 70 илјади евра биле потрошени во Македонија преку интернет. Оваа сума е само за трансакции на територијата на Македонија, а надвор од државава, во странски интернет-продавници Македонците потрошиле 20 пати повеќе пари.

Со појавата на интернет-страниците како Колектива, Групер и Гага, на коишто потрошувачите можат да добијат многу големи попусти, Македонците се повеќе ги користат нивните платежни картички и за купување преку интернет. - Работиме од почетокот на оваа година и досега имаме склучено 400 договори со различни компании. За само шест месеци имаме околу 90 илјади трансакции преку нашиот портал. На почетокот сите беа скептични дека ваквиот начин на работа нема да функционира во оваа држава, бидејќи ние како потрошувачи сакаме да го видиме производот и да имаме вистински контакт пред да одлучиме дали ќе го купиме или не. Но, ете, на наша среќа работите се менуваат и досега сме задоволни како се одвиваат работите - вели Ванчо Костурски, директор на "Колектива Македонија", според кого досега не се случило да има некоја злоупотреба на системот.

Во Македонија уште пред да постојат интернет-страници за купување имаше многу измами, односно нарачки преку лажни платежни картички и ова е и еден од проблемите зошто кај нас овој систем на продажба не се развиваше. Довербата кај граѓаните беше на многу ниско ниво. Но последниве неколку години тоа веќе многу ретко се практикува во државава. Од "Касис" исто така ни потврдија дека досега не се соочиле со никаков вид на злоупотреба, но апелираат до сите корисници на платежни картички да се држат до инструкциите на банките и да не ги даваат картичките на користење на други лица.

Кoнтактиравме и со www.ex.mk, една од првите он-лајн продавници, и според нивното искуство на почетокот на нивното постоење на македонските граѓани не им било баш јасно како функционира ова купување.-На почетокот имавме ситуации кога моравме во детали да им објаснуваме за разликите меѓу една обична и он-лајн продавница. Потоа со помош на медиумите овој начин на он-лајн купување им стана близок на граѓаните, а следно нешто беше доставата - дали мора нарачаниот производ да им се донесе на врата. И на ова нивно барање им излеговме во пресрет. Потоа купувачите стекнаа доверба во целиот процес на купување - објаснуваат од ex.mk

Според он-лајн продавниците Македонците се заинтересирани да купуваат буквално секаков вид производи и услуги. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik